„За секој кој седи под сенка некој работи на припек“

– Калил Гибран

Jovi Kompani

Основана во 1998 година, ЏОВИ КОМПАНИ e фирма која се занимава со Градежништво и услуги во градежништвотo.

 

Нашите почетоци, главно бележат земјени ископи, но со текот на годините, упорноста и борбениот дух на основачот, стекнатото искуство, знаењата, квалитетното работење и грижата за нашите клиенти, придонесоа, преку континуиран раст на компанијата, нашиот обем на работење да се прошири на изградба на канализациони мрежи, водоводи, пробивање, тампонирање и асфалтирање патишта, изведба на тротоари, дворови, фасади, кровови, оградни ѕидови, како и комплетна изградба на куќи, викендици и индустриски објекти до ,,клуч на рака".

 

Наша основна цел е задоволството кај нашите клиенти. Континуираниот раст го остваруваме преку тим од висококвалификувани градежни работници, техничари, архитекти и градежни инжињери, синхронизирани и управувани за квалитетна и навремена изведба на проектите.

Водени од стремежот за унапредување на квалитетот во нашето работење, задоволството кај клиентите и зголемувањето на имиџот на компанијата, ги имплементиравме системите за управување со квалитетот и околината во Друштвото ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004.

 

Успешни градежници сме благодарејќи на опремата и механизацијата со која располагаме, континуирано ја надградуваме и модернизираме, прилагодувајќи се на новите потреби на пазарот.

Канцелариите на ЏОВИ КОМПАНИ се на ул.Никола Тесла бб, Струмица.

 

 

Мисија

Градење и изведба на висококвалитетни градежни објекти од јавен интерес, локално значење, како и објекти за лично домување. Широка понуда на услуги и достапност во секоја сфера од градежништвото.

 

Визија

Развивање на имиџот на ЏОВИ КОМПАНИ, како препознатлив бренд и сигурен партнер во секој дел од градежништвото, со стандардизиран квалитет на изведба, како во регионот, така и на ниво на државата.

 

Лиценци и препораки

Компетентноста за изведба ја потврдуваат:

 

  • -Лиценца Б - За проектирање на градби од трета, четврта и петта категорија;
  • -Лиценца Ц - За изведувач на градби од трета категорија

 

А, исто така и препораките од досегашните инвеститори и успешните соработки.