
Основана во 1998
За нас
„За секој кој седи под сенка некој работи на припек.“ – Калил Гибран
Основана во 1998 година, ЏОВИ КОМПАНИ е фирма која се занимава со градежништво и услуги во градежништвото.
Нашите почетоци главно бележат земјени ископи, но со текот на годините, упорноста и борбениот дух на основачот, стекнатото искуство, знаењата, квалитетното работење и грижата за нашите клиенти придонесоа, преку континуиран раст на компанијата, нашиот обем на работење да се прошири на изградба на канализациони мрежи, водоводи, пробивање, тампонирање и асфалтирање патишта, изведба на тротоари, дворови, фасади, кровови, оградни ѕидови, како и комплетна изградба на куќи, викендици и индустриски објекти до „клуч на рака“.
Наша основна цел е задоволството кај нашите клиенти. Континуираниот раст го остваруваме преку тим од висококвалификувани градежни работници, техничари, архитекти и градежни инженери, синхронизирани и управувани за квалитетна и навремена изведба на проектите.
Водени од стремежот за унапредување на квалитетот во нашето работење, задоволството кај клиентите и зголемувањето на имиџот на компанијата, ги имплементиравме системите за управување со квалитетот и околината ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004.
Успешни градежници сме благодарение на опремата и механизацијата со која располагаме, која континуирано ја надградуваме и модернизираме, прилагодувајќи се на новите потреби на пазарот.
Канцелариите на ЏОВИ КОМПАНИ се на ул. „Никола Тесла“ бб, Струмица.
Мисија
Градење и изведба на висококвалитетни градежни објекти од јавен интерес, локално значење, како и објекти за лично домување. Широка понуда на услуги и достапност во секоја сфера од градежништвото.
Визија
Развивање на имиџот на ЏОВИ КОМПАНИ како препознатлив бренд и сигурен партнер во секој дел од градежништвото, со стандардизиран квалитет на изведба, како во регионот, така и на ниво на државата.
Лиценци
Компетентноста за изведба ја потврдуваат Лиценца Б за проектирање на градби од трета, четврта и петта категорија и Лиценца Ц за изведувач на градби од трета категорија, а исто така и препораките од досегашните инвеститори и успешните соработки.
Имате проект?
Кажете ни што градите. Ќе ви одговориме со понуда.
